Ново поскапување на горивата во Македонија

Ново покачување на цената на горивата вбо Македонија. Имено, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,99%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 86,00 ден/лит.

Претходна вестИнцидент на Клиника за кардиохирургија: Вработен ги нападнал директорот и медицинска сестра
Следна вестСкопјанец ги нападнал сопругата и синот, полицијата го приведе