Компанијата „Al Romaizan Gold and Jewellery“, со седиште во Саудиска Арабија, претстави златен велосипед вреден 408.000 долари, на Меѓународниот саем за часовници и накит во Дубаи. На саемот имаше изложено повеќе од 500 домашни и меѓународни брендови од целиот свет.
– Тоа е неспоредлива можност за сите таленти да ги покажат своите најнови креации и иновации пред повеќе од десет илјади посетители секоја година на овој настан. Повеќето од нив се во потрага по најексклузивни златни дизајни, накит, луксузни часовници и современи модни линии од целиот свет, изјави Саиф Мохамед Ал Мидфа, извршен директор на „Експо Центар“.
Како што истакна Мохамед Абаси, директорот на дигиталната компанија „Ал Ромаизан“, проектот за изработка на златниот велосипед траел околу шест месеци, а во тимот учествувале 20 луѓе.
Златниот велосипед не е изложба и веќе е достапен на пазарот во Дубаи.