Во Белград рано утрово, српската Агенција за безбедност и информирање (БИА), во соработка со други надлежни државни органи, спровела контраразузнавачка акција за апсење на хрватски шпион. Ова го пишува белградски „Новости“.
Како што наведуваат од овој медиум, акцијата е резултат на повеќемесечна оперативна работа на БИА и продолжување на сузбивањето на шпионажата и деструктивно-субверзивните активности на хрватската разузнавачка и безбедносна служба СОА.
Министерството за надворешни работи на Хрватска соопшти дека нема сознанија оти таков настан се случил.