Во 130 земји не пристигнала ниту една доза на вакцина против коронавирус

 

Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданан Гебрејесус, рече дека е потребно компаниите што ја произведуваат вакцината против Ковид-19 да ги делат средствата и инфраструктурата, а земјите да ги делат вакцините кои се достапни.

СЗО соопшти дека 130 земји со 2,5 милијарди жители сè уште немаат ниту една доза на вакцина, додека некои земји веќе вакцинирале добар дел од популацијата и сега имаат намален ризик од ширење на заразата.

Сите влади имаат обврска да ги штитат своите граѓани, рече Гебрејезус. Сепак, откако ќе набават доволно вакцини и ќе го имунизираат своето население, земјите што се во можност треба вишокот вакцини да го проследат други земји.

Сè додека има толку многу невакцинирани луѓе во светот, ризикот е присутен кај сите, рече тој.

Во средата, Ковакс објави листа за дистрибуција на вакцини во земјите со кои има договор, меѓу кои и Македонија. Тие земји се подготвени, но сè уште не добиле вакцини.

Минатата недела компанијата Санофи објави дека со своите средства и фабрика ќе помогне во производството на вакцината Фајзер Бионтек, што ќе овозможи полесно и побрзо производство. Ова доведува до побрза имунизација на населението за земјите кои не примиле ниту една доза на вакцина.

СЗО апелира повеќе компании да го следат примерот и да го олеснат процесот низ целиот свет.

Претходна вестВо болниците низ Македонија се лекуваат 596 пациенти со коронавирус
Следна вестФилипче: Во понеделник се потпишува договор за 200.000 кинески вакцини, ќе стигнат во најбрзо време