Утринава во 5:30 часот во гостиварското село Чегране, извршен бил обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар.
Како што информираат од јавното обвинителство, обвинителот е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.
Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му била зададена убодна рана во грбот.
Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.