Полицијата вчера во 23.00 часот, го привеле Џ.Д.(48), осомничен дека обил подрум и украл предмети во населбата Чаир.
Кражбата се случила околу 21.00 часот, кога тој обил подрумска просторија на ул.„Емин Дураку“, сопственост на А.Џ.(29) од Скопје и одзел повеќе предмети. По два часа крадецот бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.