Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска преку соопштение информира дека Земјоделскиот институт – Скопје завршил со пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец.
-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земајќи ја во предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25 проценти согласно Законот за вино. Цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25 отсто ќе изнесува 18,3 денари, а цената на килограм грозје Вранец со пресметаните 25 проценти ќе изнесува 20,8 денари, се наведува во соопштението.
Производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет (Службен Весник 146/24).
-Претходно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски институт – Скопје за вршење на услугата. За денеска најавена е средба со менаџментот на Винските визби и откупувачи, каде ќе се дискутира за новите цени и откупот на грозје, велат од Министерството.