Објавени полуфиналните парови за фудбалскиот Куп на Македонија

Денес  во просториите на ФФМ се одржа извлекувањето на паровите кои ќе играт во полуфиналето за фудбалскиот Куп на Македонија.

Струга Трим Љум кој воедно е и лидер на табелата, ќе ги одмери силите против екипата на Силекс на 5-ти април со почеток во 15 часот на Градскиот стадионот, Градска Плажа -Струга.

Во вториот полуфинален дуел пак, Шкендија ќе игра против тимот на Македонија Ѓорче Петров.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 5-ти април 2023, а доколку нема победник во регуларниот дел од натпреварот, решавачки ќе бидат пеналите.

Претходна вестЛајчак: Ако нема ЗСО, нема ни договор меѓу Србија и Косово
Следна вестДесет години затвор доби малолетното девојче кое го уби 16 годишно момче во тетовско