Објавил фотографија со оружје и се заканувал на висок функционер

Битолчанец објавил фотографија со оружје и му се заканувал на неименуван висок функционер.

Во полициската станица Битола денеска е извршен службен разговор со двајцата битолчани А.С. и Р.С. на возраст од 42 и 41 година, од кои едниот е осомничен дека, објавувајќи фотографија со оружје на социјалните мрежи, му се заканувал на висок функционер.

-А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот, тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С. Во полициска станица, од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје, се наведува во полициското соопштение.

Со настанот е запознаен јавен обвинител. Полицијата по целосно документирање на случаите, против лицата ќе поднесе соодветни пријави.

Претходна вестТешко повреден градежен работник во Гостивар
Следна вестРаботнички убедливо го победи Гостивар и се избори за „мајсторка“