Променливо облачно, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 а дневната од 17 до 28 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температира ќе изнесува 15 а дневната 26 степени.