Претпладне променливо облачно со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 17 до 28 степени.
Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Температура изутрина ќе изнесува 14 степени додека преку ден ќе достигне 27.