Облачно и врнежливо, температура до 15 степени

Во Македонија денеска ќе преовладува претежно облачно време. Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а потоа повторно се очекува нова краткотрајна нестабилност.

Претходна вестГрад Скопје реагира: „Лајка“ е во милионски долгови трупани од раководството на Шилегов и СДСМ
Следна вестКазнети 913 возачи, 67 возеле и над 50 километри повеќе од дозволеното