Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно време со мали сончеви периоди. Утринската температура се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.
На останатото подрачје на Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини има појава на утринска магла, а во продолжение на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од 3 до 8, а дневната од 8 до 13 Целзиусови степени.
Во следниот период ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на наредната седмица времето ќе се стабилизира, но ќе дува засилен северен ветер.