Облачно со можен попладневен дожд

Во Скопје времето изутринава е со услови за слаба магла, но и по некој сончев зрак, а преку денот ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

На останатото подрачје на Македонија утрово по котлините е магливо. Преку денот значително облачно со повремен дожд поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец особено изразен во недела. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне.

Претходна вестЗошто метларките и закрпените дупки се повеќе споделувани вести, од критиката на лицата со хендикеп кон власта?
Следна вестПочина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски