На подрачјето на Македонија денеска ќе биде облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2).
На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минмалната температура ќе се движи од 2 па до 9 степени, а дневната од 5 до 13 степени.
Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне 6 а дневната 12 степени.