Облачно со повремен дожд во вечерните часови

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно и магливо, а попладне со зголемена облачност и од вечерните часови со појава на повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во останати делови од Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по котлините и долж повардарието магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

И утре ќе преовладува облачно и врнежливо време. Врнежите ќе започнат кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во среда ќе престануваат на југоистокот. Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови. Од петок наутро ќе е постудено, а во сабота ќе има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.

Претходна вестМакедонскиот „Врба“ кандидат за „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм
Следна вестСообраќајка на „Партизанска“: Повредени повеќе лица, уништено и возило на итна помош