Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со повремено пороен дожд и појава на грмежи.
Дневните температури ќе се движат од 13 до 19 Целзиусови степени.