Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе паѓа само на највисоките планински врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец со јачина од над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

-Во наредните денови, под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар, известуваат од УХМР.

Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До утре ќе дува засилен, а повремено силен ветер, со брзина од над 70 километри на час од јужен правец, што ќе услови топло време за овој период од годината.

Од УХМР соопштуваат дека, в петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд, кои постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

Претходна вестЧетата на Лазаров без желба и борба стигна само до нов пораз
Следна вестСо строг пост се слави Водокрст, денот кога се осветуваат водите