Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.
Утринската температура се движеше од 6 до 16 степени, а дневната ќе биде од 11 до 22 степена.
Во Скопје во утринските часови со врнежи од дожд, преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Температурата изутринава изнесуваше 12 степени, додека преку ден ќе се искачи на 17 степени.