Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од минус 1 до 4, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 4 и 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска претпладне има појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер, со температура до 10 степени.