Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.