Обвиниение против кавадарчанец кој пијан ја претепал партнерката која потоа починала

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, кое е обвинето дека сторило кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 2 и став 1, како и во врска со член 63 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот на 2 август, во состојба на битно намалена пресметливост и со присуство на 1,94 промили алкохол во крвта, извршил семејно насилство врз една оштетена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. По вербална расправија, тој најпрво со бокс и тврди предмети ја удирал по главата, лицето и телото, а потоа ја турнал кон туш кабината, при што оштетената се здобила со телесни повреди од кои на 6 август починала на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, соопшти ЈО.

Со оглед на тоа што вештачењата покажаа дека обвинетиот го сторил делото во состојба на битно намалена пресметливост, надлежниот јавен обвинител му предложи на судот, освен изречената кривична санкција, да определи и дополнителна мерка за безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.

Претходна вестНови дојави за бомби: Влезе наставничка и ни рече итно да го напуштиме училиштето
Следна вестАнтикорупционерка Ивановска: Имотните состојби ги „чешламе пеш“