Претрес во канцеларијата на директорот на Финансиската полиција вршат обвинителите од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на чие чело е Вилма Русковска.
Во веста што ја објавува „Фокус“, повикувајќи се на извори од Обвинителството, се наведува дека се постапува по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар.
Актуелниот директор на Финансиската полиција Муареми е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична пријава поднесена од Државното правобранителство за конфискацијата на имотот на Сеад Кочан. Но, од обвинителството велат дека кривичната пријава била за друго, но не кажуваат за што бидејќи се работело за предистражна постапка.