Самите измени во Кривичниот законик како такви, јас лично ги доживувам како навреда за сите професионлани коишто сме се вложиле во борбата против корупцијата, оцени денеска обвинителката Лече Ристовска.
Ристовска, која порано беше дел од Специјалното јавно обвинителство, смета дека за дел од случаите кои се во тек, а се засегнати од измените на КЗ, со кои се намалија казните за дел од коруптивните кривични дела, ќе мора да се направат измени за да се извлече максимум.
– Измените на Кривичниот законик, би рекла дека и те како влијаат на културата на неказнивост која некако се протежира изминатите години и затоа и зборувавме веќе на панелот. Обвинителството, по мое мислење е ставенно пред навистина една неблагодарна и тешка задача. Имаме кратки рокови таму каде што не е настапена застареноста, тоа експресно да се заврши. од друга страна ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите, а секако во однос на предметите во којшто сме вложиле многу и ресурси и енергија, веќе тие предмети ни застаруваат, голем дел од нив – рече Ристовска по панелот во рамки на конференцијата, посветен на жените во сферата на правдата и на корупцијата во правосудниот систем „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските фундаментални права и вредности во регионот“.