По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски, кои се гонеа како извршители во случајот „Насилство во центар“. Со ова, тројцата се ослободени во овој предмет.
Сега, во предметот остануваат обвинети Миле Јанакиески, Никола Груевски, кој е амнестиран од експретседателот на државата Ѓорѓе Иванов, и уште неколкумина кои се товарат дека го извршиле насилството пред општината.
Останатите обвинети се товарат за поттикнување и организирање насилни протести пред просториите на општината, кои биле организирани дека наводно се против запирање на изградба на црквата „Свети Констатин и Елена“ на улица Македонија, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар, на која требало да се променат деталните урбанистички планови.