Поради немањето кворум Советот на јавни обвинители на денешната седница не избра пет нови јавни обвинители за тимот на Вилма Русковска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Иако сите членови биле информирани за денешната седница отсустуваа Љубомир Јовески, Иџет Мемети и Љупчо Ивановски.
Присутните членови на оваа седница констатираа дека состојбата во основните јавни обвинителства е лоша. Според потребната систематизација во Основното јавно обвинителство Тетово е предвидено да работат десет обвинители, а во моментов во ова обвинителство работат двајца јавни обвинители и во Крива Паланка, каде обвинители од ОЈО Куманово ги покриват настаните од овој регион.
Следната седница е закажана за четврток.