Обвинителството бара казни за Боки–13, Ременски и другите, одбраната тврди дека се невини

Бојан Јовановски сторил измама за да ги задоволи личните материјални итереси, а во неа му помогнале обвинетата Јасна Ерцеговиќ, Фросина Ременски и Христина Блажеска. Се докажа дека сите тие сториле кривилни дела, изјави денеска обвинителот Трајче Пеливанов во својот завршниот збор за случајот “Меѓународен сојуз”. Обвинителството и бранителите даваа завршни зборови во случајот во којшто се обвинети за „измама и перење пари“, како и за „помагање во перење пари“ Бојан Јовановски-Боки 13, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

– Навидум станувало збор за хуманитарно здружение, но хуманитарноста остана само запишана на хартија, а во реалноста се случи измама. Јовановски ги манипулирал за тој да ги остварува личните цели. Се што правеле, правеле заедно. Односно, како ќе измамите некој да ви плати над 740.000 евра, ако не оставите сигурен впечаток дека станува збор за сериозни луѓе, истакна Пеливанов.

Тој појасни дека се докажало дека ги довел во заблуда бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, а со намера да прибави противправна имотна корист. Пеливанов рече и дека се докажала улогата на Фросина Ременски.

-Ременски била присутна речиси на секој состанок со оштетените. Тие сведочеа дококу таа не била присутна, немало да ги склучат договорите, бидејќи таа им влеала доверба и сигурност дека проектот ќе се реализира, бидејќи имале поддршка од власта. Многу успешно ја одиграла својата улога, а тоа е дека зад проектот стои извршната власт. При претресот во нејзиниот дом произлегоа докази за нејзината вмешаност, истакна Пеливанов при што на судот му предложи обвинетите да бидат огласени за виновни и да им ја надоместат штетата на оштетените.

Наспроти ова, бранителот Сашо Дуковски потенцира дека Бојан Јовановски-Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска се невини.

-Има договор помеѓу „Меѓународен сојуз“ кој бил склучен со две фирми, а Обвинителството сака да посочи дека тој е направен за да биде направена измама. Договорот е граѓанско-правен однос, а за негово неисполнување не може да се одговара кривично. Неточни се обвинувањата дека станува збор за измислен проект, потенцира Дуковски.

Претходна вестКомуналните инспектори на Град Скопје со контроли на терен – изречени 4 казни
Следна вестЃоковиќ може да учествува на Роланд Гарос