Обвинителството да не гледа како работи Анкетната комисија за „Онкологија“

Ако сакаш некоја работа да не се заврши, формирај комисија… Новото потврдување на севременската актуелност на поговорката која му се припишува на некогашниот британски премиер Винстон Черчил, за жал се гледа и во финалето на работата на собраниската Анкетна комисија за случај „Онкологија“.

Страшен скандал требаше да расветлува таа комисија. Формирана пред два месеца за да ја утврди политичката одговорност на носителите на јавни фукции во скандалот со нелегална продажба на лекови и грозоморна грижа за пациенти на оваа Клиника, Анкетната комисија дојде во слепа улица.

Виновници за тоа? Нормално, политичарите. По неколку неделната работа, сослушувања на учесниците, прегледување на ревизорски извештај и други материјали се дојде во ситуација политичарите да не може да направат единствени и заеднички заклучоци.

Претседателката на Комисијата, од редот на парламентарна опозиција, Рашела Мизрахи прва ги објави и прочита сопствените заклучоци. Ги наведе како одговорни повеќе личности со име и презиме, барајќи да се утврди нивната одговорност. Таков потег предизвикува реакција и револт на членовите на Комисијата од редовите на владечаката партија – тие сега бараат оставка од Мизрахи…

Веќе два дена не може да се постигне договор како да продолжи работата, како да се дојде до единствени заклучоци коишто ќе бидат предложени како заеднички.

Што преостанува?

Обвинителството да си ја врши работата не гледајки како тоа го прават политичарите. Клучот за разрешување на скандалозниот случај е во рацете на Јавното обвинителство. Тоа треба да биде орган кој најконкретно ќе укаже кој се е кривично и секако друго одговорен за морбидните дејанија со лекови и терапии во една здравствена институција. Време е Обвинителството веќе и да ги каже фактите до кои дошло во истрагата оти таа се води веќе трети месец и веќе треба да се каже што е утврдено. 

Претходна вестЗахарова пред самитот на ОБСЕ во Македонија: Западот и правеше секакви препреки на Русија за време на подготовките за состанокот
Следна вестЕлиф Елмас вечерва игра против Реал Мадрид