Брифинг со новинари на кој ќе ги соопшти првите детали од вчерашните приведувања на Клиниката за Онкологија ќе одржи денеска Јавното обвинителство. До ова доаѓа по вчерашната акција во оваа здравствена установа по која без приведени неколку лица. Медиумите вчера, повикувајќи се на изворите во Јавното обвинителство, објавуваа дека се приведени четири лица по барање на јавниот обвинител. Акцијата ја спроведуваше МВР побарање на ЈО во рамките на предистрагата за скандалот на Клиниката за Онкологија со криминална препродажба на лекови наменети за пациенти со онколошки болести. Извршени се претреси на три локации вклучувајќи и канцеларии во Клиниката. Според првичните и неофицијални информации меѓу приведените е екс директорот на Клиниката, Нино Васев, медицинска сестра и вработен на Клиниката. Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот економски директор на Клиниката Нехат Нухи. Не се познати деталите околу тоа за што тие се сомничат.
До ова доаѓа по петмесечната истрага што се спроведуваше од страна на Јавното обвинителство. Во меѓувреме, имаше и бројни реaкции во јавноста дека истрагата трае веќе предолго време и дека треба да се соопштат деталите за тоа што е откриено.