Обвинителството ќе го гони разбојникот кој сакаше да ограби аптека

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 31-годишен скопјанец кој завчера на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје влегол во аптека и од вработената побарал да му ги даде парите.

-Таа му кажала дека нема пари и му рекла да ја напушти аптеката. Во тој момент, осомничениот и се доближил и започнал да ја турка со намера да дојде до касата. Вработената зела пластичен стол и почнала да го оттурнува, па повикала помош. Бидејќи не можел да стигне до касата, осомничениот ја напуштил аптеката, но на излезот го пресретнале припадници на агенција за обезбедување и го лишиле од слобода, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да избега или да го повтори делото.​

 

Претходна вестМакедонија воведува санкции за Русија – ќе се приклучи на оние од ЕУ
Следна вестПролетно будење на градот