Обвинителството ќе поднесе жалба до судот бидејќи не им одреди притвор на насилниците кои упаднаа во М-НАВ

Жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд-Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело, ќе поднесе денеска Јавниот обвинител. Тие се осомничени за  загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а синоќа им беа определени мерки на претпазливост.

Како што информираа од Основниот кривичен суд-Скопје, осомничените добиле забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, а одземени им се патните исправи, односно има забрана за нивно издавање. Меѓу мерките за претпазливост кои им се изречени е и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно синоќа соопшти дека е отворена истражна постапка против осумте лица за завчерашниот упад во Македонската навигација. Тие, како што информираше Обвинителството, се товарат се кривичното дело загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај, за кое е предвидена затворска казна од најмалку пет години.

Упадот во Македонска навигација се случи завчера попладне непосредно по прес-конференцијата на лидерот на Струковиот синдикат на контролорите на летање, Александар Тасевски, на која тој информираше дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување.

Претходна вестВладика Пимен: Условите за конечниот Томос од Вселенската патријаршија ни оддалеку не се толку страшни како што некој ги пласира во јавноста
Следна вестФМУ, ДМБУЦ и Филхармонија реагираат: Ќе бидат уништени дрвја и плочник за да помине механизација