Обвинителството ќе вештачи, па ќе одлучува за пиротехничките средства пронајдени во возилото на Дрин Ахмети

Основното јавно обвинителство Скопје во врска со синоќа пронајдените пиротехнички средства, ќе одлучува откако ќе се направи нивно вештачење. Како што информира, за настанот е известен јавен обвинител.

Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

МВР соопшти дека синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје,  полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас. При преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Медиумите пренесоа дека станува збор Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претходна вестПоголемиот дел од богаташите во светот во 2023 година станале уште побогати
Следна вестСкопје се загрева за прославата: Се радуваме, си оди годината што не ни донесе радости