Очекувано: Во криза не се купува автомобил

Увозниците на автомобили во земјава лани регистрирале пад на продажбата од 33 проценти во однос на 2019 година.

Податоците од Царинската управа покажуваат дека лани во земјава увезени се вкупно 5.172 нови возила што е за околу 1.000 возила помалку во споредба со 6.341 во 2019 година.

Падот почнува од февруари лани, кога имало 570 нови возила, што се совпаѓа со почетокот на епидемијата кај нас, па постепено секој месец, заклучно со декември кога бил купени 505 нови возила, додека во јануари годинава таа бројка е 364.

Тоа покажува дека поради пандемијата и економската криза граѓаните помалку трошат, особено кога се работи за вакви големи „инвестиции“, но тие очекуваат дека следниот период, со некои владини мерки да се стимулира и купувањето на нови возила, особено на оние на електричен погон.

Претходна вестОпозицијата му одговори на Заев: ВМРО-ДПМНЕ е за експертска влада
Следна вестПочинале 9 пациенти од вирусот, новозаразени се 722 лица