Од 1 јануари се укинуваат на контролите на копнените граници на Бугарија и Романија кон Шенген зоната

Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

Претходно оваа година, проверките на воздушните и поморските шенгенски граници на двете земји беа укинати со одлука донесена за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ на 30 декември лани.

„Ова е голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа“, објави унгарското претседателство.

Претходна вестСиљановска Давкова имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија
Следна вестНовиот кум и здравичарот за Бадник во Скопје: Чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема