Пребрзото возење било убедливо најчест сообраќаен прекршок што вчера го правеле несовесните возачи на скопското подрачје. Иако вчера беше последен ден од продолжениот празничен викенд кога фреквенцијата на сообраќајот во Скопје е намалена, тоа не влијаеше врз дел од возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Напротив.
Така, МВР денеска соопшти дека на територија на град Скопје биле изречени вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 97 санкции.
-Имало и 12 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за користење мобилен телефон при возење…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажуваат од МВР.