Од 17 часот се затвора сообраќајницата пред Владата

Посебен режим на сообраќај во Скопје ќе започне од денеска попладне, соопшти МВР.

-Поради најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, од 17.00 часот на 17.06.2022 (петок) до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај, се наведува во соопштението.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Претходна вестПретпладне со сонце, попладне локални поројни дождови
Следна вестМицкоски: Ако предлогот е да нѐ асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во ЕУ