Од 25 октомври се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола

Нови укинувања на патнички возови најавува Железници на РСМ-Транспорт. Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Патниците од среда нема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје кои поаѓаат во 12:48 и 18:24 часот.

„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14:30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03:13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување“, се вели во соопштението од оваа државна компанија.

Претходна вестБеше легенда во фудбалот: Почина Боби Чарлтон
Следна вестСпасовски: Врвен приоритет на МВР е спречување нелегална сеча на шуми