Од 5 до 7 илјади евра казни за вевчанците кои на карневалот го запалија бугарското знаме

Тројцата вевчанци кои на карневалот на 14 јануари – Василица го запалија бугарското знаме како дел од една од маските, ќе бидат казнети парично.

Според предлогот на ЈО казната за првообвинетиот е 100 дневни глоби од по 70 евра, додека за другите двајца по 100 дневни глоби од по 50 евра.

-Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме, се велои во соопштенето од ОЈО.

Тие се казнети за повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.

Претходна вестОЈО: Детето што се задуши во пожар во Гостивар било врзано со ланец за нозете
Следна вестОдбојкарскиот мајстор Ангеловски ќе се кандидира за градоначалник на Аеродром: Скоро готова е програмата, нема нови згради, ќе има нови паркинзи…