Од денеска нема да работат семафорите на крстосницата на „Водњанска“ со улица „Васил Ѓоргов“

Од денеска, на крстосницата булевар „Водњанска“ со улица „Васил Ѓоргов“, екипи на ЈП „Улици и патишта” задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе започнат со активностите за преместување на семафорскиот уред и од 9 часот утрото, па се до завршување на активностите семафорите привремено нема да работат.

На овој потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајот ќе биде регулиран со асистенција од сообраќајната полиција.

ЈП „Улици и патишта“ Скопје апелира за внимателност во сообраќајот и за трпение на граѓаните кои ќе сообраќаат во овој дел од градот.

Претходна вестУнгарија со закани за вето кон Бугарија поради таксата за рускиот гас
Следна вестВо Србија започна републичките, покраинските, општинските и градските избори