Од денеска Скопскиот аеродром со летен распоред на летање

Од денеска започнува летниот распоред на летање на Скопскиот аеродром, кој ќе трае до 27 октомври годинава.

Преку нивната Фејсбук страница, тие го објавија распоредот на летање каде може да се види дека граѓаните ќе можат да летаат на вкупно 49 авиодестинации од и до Скопје.

Најголемиот број од дестинациите достапни преку Скопскиот аеродром се за градови во Германија. „Виз ер“ пак е главната авиокомпанија која ги опслужува мнозинството од дестинациите преку аеродромот.

Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград, информираат за МИА од ТАВ Македонија.

Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Со Виз ер: Базел-Мулхаус, Берлин, Братислава, Бремен, Брисел Шарлроа, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург , Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Чампино, Салцбург, Стокхолм Скавста, Венеција Тревизо, Карлсруе Баден-Баден, Љубљана, Лондон Лутон.

Дестинаците Атина и Сараево со Ејџијан Ерлајнс, Белград со Ер Србија, Виена со Аустриан ерлајнс, Цирих со Чаир ерлајнс и со Еделвајс, Загреб со Кроација ерлајнс, Женева со ИзиЏет, Варшава со ЛОТ, Франкфурт со Луфтханза, Истанбул (Сабиха Гокчен) и Измир со Пегасус ерлајнс, Анталија и Измир со СанЕксперс, Истанбул (ИГА) со Туркиш Ерлајнс.

Претходна вестПосле дождот излегува сонце и дупка на патот 
Следна вестЧетири лица повредени во сообраќајка кај надвозникот во Маџари