Од денеска вакцинација против грип

Ранливите категории на граѓани од денеска па во наредниов период ќе можат бесплатно да се вакцинираат против сезонскиот грип на шест пункта на Здравствениот дом Скопје – Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

Можност бесплатно да се вакцинираат ја имаат сите граѓани кои страдаат од хронични заболувања, повозрасната популација над 65 години, за децата до 5 години, за трудниците, како и за здравствените работници, кои исто така се изложени на голем ризик. За да се вакцинираат овие граѓани треба да им се обратат на маичните лекари кои ќе им го закажат вакцинирањето прекус системот „Мој термин“.

Вкупно се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација. Вакцинирањето може да го направат и останатите граѓани по цена од 800 денари. 

Претходна вестДвајца млади скопјани загинале во сообраќајка во Чешка
Следна вестAнтикорупционерите укажуваат, но Владата си тера со брзи именувања на функционери