Од денеска за патарините од Скопје до Штип и назад ќе треба да се издвојат 320 денари

Две нови патарини од денеска почнуваат да работат на автопатот Миладиновци – Штип, кај Кадрифаково и Преод. За да поминат со своето возило преку овие делниви возачите ќе треба да издвојат по 50 денари кај Кадрифаково, односно 70 денари кај Преод.

Со ова, граѓаните коишто со своето возило ќе тргнат од Скопје до Штип за патарините ќе треба да издвојат по 160 денари само во еден правец. Односно, за во двата правци вкупно 320 денари.

Миладиновци-Штип го скратува патувањето од Скопје до Штип за околу половина час во должина од 47 километри, а за негова изградба беа вложени 177 милиони евра. Автопатот почна да се гради во февруари 2014 година и оригинално требаше да биде готов до март 2017.

Претходна вестСончево и топло, со температура до 36 степени
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ има право да се изјасни преку референдум