Од денеска започнува со работа пливачкиот базен „Карпош“

Од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ информираат дека пливачкиот базен „Карпош” ќе започне со работа од денеска, односно пливачките клубови и рекреативците ќе можат непречено да ги користат услугите.

– Завршени се поголемиот дел интервенции низ целиот објект и во моментов се спроведуваат последните подготовки за пуштање во употреба на истиот. Благодараме за разбирањето во изминатиот период. Се гледаме на базен!, се наведува во објавата на надлежните за базенот.

Во изминатиов период беше извршена промена на водата, како и темелно прочистување на филтерските станици кои се од витално значење за обезбедување квалитетна и чиста вода, темелно чистење на коритата на базените, темелно чистење на помошните простории, соблекувалните, машинските простории и просториите на службата за спасување. Променета е и пумпата којашто е од круцијално значење во однос на безбедноста при полнењето и празнењето на базенот.  Спроведена е и реконструкција на дел од трибината.

Претходна вестВечерва стартува „Карпошово културно лето“
Следна вестПријавени за исчезнати петмина Непалци кои биле вработени во фирма во Охрид