Од дното на Охридското Езеро „испливаа“ старите гуми, пластични и стаклени шишиња, покуќнина…

Поголемо количество на најразличен отпад извадено е од Охридското Езеро во рамките на еко-акцијата. Чистењето на дното на Охридското Езеро е изведено на потегот пред село Пештани согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид за 2023 година, спроведена е акција за чистење на дното на Охридското Езеро на потегот пред село Пештани.

-Притоа од дното на езерото е извадено поголемо количество отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина, информираат од Општина Охрид.

Акцијата ја спроведоа нуркачи од „Клубот за подводни активности“ од Охрид, а покрај физичкото отстранување на отпад цел на акцијата е и подигање на јавната свест на населението за потребата од грижа и заштита на Охридското Езеро од загадување.

Претходна вестРевизорите во битолската болница: Акцеларатор за болните од карциноми повеќе од 10 години стои неупотребен
Следна вестДвајца малолетници предизвикале пожар во Стара чаршија, уапсен и вториот