Од државниот Буџет лани се исплатени повеќе пари за домашните отколку за странските инвеститори

Во 2023 година од државниот Буџет се исплатени повеќе средства за домашните отколку за странските инвеститори во Македонија. Соодносот е околу 55:45 во полза на македонските компании, тврдат од власта.

-Со тоа за прв пат домашните инвеститори ја добиваат вистинската и, секако, реално заслужената предност, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ на гостувањето на телевизиска емисија.

Директор се осврна и на странските инвестиции во земјава и регионот.

-Во последните две години државата постигна највисоко ниво на странски инвестиции во историјата. Притоа и членството во НАТО игра значајна улога бидејќи, според податоците на НБРМ, само во периодот 2021 – 2023 година по основ на надворешни инвестиции регистрирани се близу две милијарди евра, посочи Деспотовски.

Претходна вестНајдобрите македонски ракометари поразени и на вториот меч против Романија
Следна вестДенеска е Прочка, празник на простувањето и чистењето на гревовите пред велигденскиот пост