Дваесет и тригодишна девојка од Кичево почина како последица на Ковид во изминатите 24 часа, а вкупниот број на смртни случаи во Македонија е 17.
Се работи за лица од 23 –90 години, при што најголем број се од Скопје, осум пациенти, двајца од Прилеп и по еден починат од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавените, 16 лица се починати во болница, а едно лице во домашни услови.
Нови 1.347 случаи на ковид-19 се регистрирани од 4.096 направени тестирања, при што 643 се во Скопје, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип – осум, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово имаат по седум нови случаи, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод по шест, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар по четири, Крушево и Пехчево по три и Кратово два нови случаја на коронавирусот.
Регистрирани се 451 оздравени пациенти.
Од почетокот на епидемијата во земјава досега се дијагностицирани 122.227 со ковид-19, починаа 3.545, додека активни случаи се 16.030 од кои 8.116 од Скопје.