Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Според одлуката, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,465 ден/кг и сега ќе изнесува 39,155 ден/кг.
Од ноќеска на полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 66,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 39,155 (денари/килограм).