Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто во однос на одлуката од 29.4.2024 година.
Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1,5 денари, и од утре ќе изнесува 86 денари. На ЕУРОСУПЕР 98 се намалува, исто така, за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 88 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 74,5 денари по литар.
Цената на екстралесното масло за домаќинство од утре ќе се продава за 74 денари, или за 1,5 денари поевтино од претходно. Мазутот се намалува за 0,8 денари, и од утре ќе продава по цена од 45.8 денари по килограм.