Од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто.

Од полноќ бензините и дизел горивото поевтинуваат за 1,50 ден/лит. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,152 ден/кг и сега ќе изнесува 45,757 ден/кг.

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95                                           81,50 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98                                            83,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В)                                      74,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)

Претходна вестПандов: Од затворот „Шутка“ затворениците излегувале кога сакале, тој е како „хотел промаја“
Следна вестМакедонија со шест спортисти на ЛОИ 2024 во Париз, Ивановски и Рељиќ ќе бидат знаменосци