Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

Одлука за зголемување на цените на сите водиови нафтени деривати денеска донесе Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР 95 се покачува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 81 денар по литар. За 1 денар се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+ и од утре ќе се продава по цена од 83 денари по литар.

Расте цената и на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари, и ќе се продава по 74 денари по литар.

Се зголемува и цената на екстра лестното масло за 0,5 денари и ќе се продава по 73 денари, а и на мазутот, кој од утре ќе се продава по цена од 44,5 денари по килограм.

Претходна вестИталијански остров нуди бесплатно сместување за гостите до 35-годишна возраст
Следна вестФилипче од Атина: Преку Договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка